Семејно насилство
Ретко која жена поседува оружје. Жените кои поседуваат оружје истото ретко го користат па, сепак, за разлика од мажите, тие многу почесто се жртви отколку сторители. Ова е особено алармантно во контекстот на семејното насилство. Најголем дел од случаите на насилство со оружје кон жените се сторени од некого на кого му веруваат – сопрузи, партнери, поранешни партнери и најчесто се случува во место каде тие се чувствуваат најбезбедно – дома. Исто така, жените во голема мера на оружјето гледаат како на закана по сопствената и по безбедноста на нивните семејства.