Arm yourself Arm yourself

Наредете со

факти

Инциденти со оружје

Никој од нас не е имун на вооруженото насилство. Најчесто мажите се тие кои поседуваат оружје, но, истовремено, тие се и најчестите жртви и сторители на насилство со оружје. Жените поседуваат мал број парчиња оружје кои ретко ги злоупотребуваат, но и покрај тоа тие се несразмерно застапени меѓу жртвите.

70% ОД СИТЕ УБИСТВА СО ОРУЖЈЕ СЕ СТОРЕНИ ОД НЕКОЈ КОГО ЖРТВАТА ГО ПОЗНАВАЛА.

Во над 40% од случаите каде е позната врската меѓу сторителот и жртвата, станува збор за пријатели или познаници, додека во 30% од случаите станува збор за роднинска поврзаност или за сопружници.

Суициди
co пиштоли

Самоубиствата опфаќаат две третини од сите смртни случаи предизвикани од оружје во Југоисточна Европа. Секоја четврта смрт е убиство. Секој дванаесетти случај на смрт е последица на несреќа.

230 ЛИЦА УБИЕНИ СО ОГНЕНО ОРУЖЈЕ ВО 2017 година

Медиумите известиле за 1243 инциденти поврзани со оружје во регионот на ЈИЕ во 2017 година. Тука спаѓаат вооружени кражби, заплена на оружје, случајно пукање, пукање за време на прослави, итн. Во овие инциденти, 230 лица биле или убиени или се самоубиле со оружје.

Mythbusters
  • Проблемот лежи во култот што се негува кон оружјето

    Wrong

    59% од лицата кои кажале дека имале ситуација во животот кога некој вперил оружје кон нив изјавиле дека би сакале да поседуваат оружје. Еден од тројца испитаници во Југоисточна Европа би поседувале оружје заради „лична заштита/безбедност“.

    Извор: Регионална анкета за перцепции на UNDP SEESAC

  • Со оружје дома си безбеден

    Wrong

    Во случаите на семејно насилство, доколку насилникот поседува оружје дома, 12 пати се поголеми изгледите тој да ја убие жртвата. Насилството со оружје во домот негативно влијае и врз децата, членовите на семејството и пријателите. 61% од жените изјавиле дека не би се чувствувале безбедно доколку имаат оружје во домот.

    Извор: Студија на UNDP SEESAC за родовата припадност и МЛО

  • Семејното насилство е семејна работа

    Wrong

    Пет од шест најсмртоносни масовни престрелки што се случиле во Србија од 2000 година наваму биле директен резултат на злоупотребата на оружје во силство или, пак, станувало збор за убиство на член на семејството или поранешен/сегашен интимен партнер. Во овие 5 престрелки биле убиени вкупно 40 лица а 28 биле ранети, при што најголем дел од жртвите биле жени (55%). Во најмалку три од овие случаи имало докази дека на кривичното дело му претходела историја на семејно насилство.

    Извор: Студија на UNDP SEESAC за родовата припадност и МЛО

  • Најголема желба за поседување оружје имаат младите мажи

    Correct

    Од 29% од испитаниците кои изјавиле дека би сакале да поседуваат оружје, мнозинството се на возраст од 16-24 години. Младите мажи сочинуваат мнозинство и кај лицата што би се чувствувале безбедно доколку дома имаат оружје. Понатаму, тие се мнозинство и кај жртвите, но и кај сторителите на насилство со оружје. Младите мажи се мнозинство и меѓу лицата кои искусиле насилство со оружје последниве години. Едно од три лица убиени или повредени со пиштол од 2012 година наваму е на возраст меѓу 15 и 36 години.

    Извор: Анкета за перцепции и истражување за МЛО на UNDP SEESAC

Помогнете да
се
чуе пораката

Споделете ја нашата страница и пораката.
За возврат ќе добиете можност за освојување маичка Вооружи се со.